недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Епидемијата на ебола прогласена за меѓународна здравствена криза

Епидемијата на ебола прогласена за меѓународна здравствена криза

Смртоносната епидемија на ебола во Конго е прогласена за меѓународна здравствена криза, соопшти денеска Светската здравствена организација откако вирусот се прошири во град од два милиони луѓе.

Од август до сега починаа повеќе од 1.600 луѓе во втората најсмртоносна епидемија на ебола во историјата, која се случува во регион опишан како воена зона.