сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Пејачот и ја препишал куќата, таа на овој начин му враќа- еве што ќе и направи сопругата на Шаулиќ на вилата вредна 1 милион евра

Пејачот и ја препишал куќата, таа на овој начин му враќа- еве што ќе и направи сопругата на Шаулиќ на вилата вредна 1 милион евра

Сопругата на Шабан Шаулиќ има намера да се отсели од вилата на Дедиње вредна еден милион евра.

Имено како што пренесуваат српските медиуми Гордана Шаулиќ има намера да се одсели од вилата која има 600 квадратни метри и да ја издаде на една амбасада и тоа за 8 илјади евра месечна кирија, а доколку Гоца се отсели ќе живее во стан.

Вилата на Дедиње е релативно нова и поседува четири спални соби, три тоалети, две кујни, голема дневна соба и подрум, како и голем двор.

Пред да ја изгради трагично загинатиот пејач оваа вила живееше во куќата на внуката на Тито Златица.

Инаку по погребот на Шаулиќ веднаш започна да се шпекулира кој ќе го наследи неговиот имот вреден брдо пари, па се дозна дека домот се водел на име на неговата сопруга, додека пејачот поседувал само автомобил „Фијат Стило“ вреден 2.500 евра.

Најнови вести