Веста дека познатиот тренер Синиша Михајловиќ боледува од леукемија го потресе светот минатата недела.
Поддршката за него стигнува од сите страни, а најголема поддршка добива од своите две ќерки и сопруга.
Италијанските медиуми овие денови ја пренесуваат и пораката на легендарниот фудбалер кои и ја испратил на својата ќерка Вирџинија.
-Ти си мојата сила, напишал Михајловиќ на ќерка си, по што таа веднаш ја споделила пораката со фановите на Инстаграм.
Инаку минатата недела тој доби голема поддршка од цела Болоња која излезе на улица како би се молеле за тренерот на нивниот тим.