Легендарниот австралиски тенисер Питер Мекнамара (64) ја загуби битката со ракот, јавуваат светските медиуми.
По успешната тениска кариера, во која двапати го подигна пехарот на Вимблдон во 1980 и 1982 година, се оствари и во улогата на тренер.
Според зборовите на семеен пријател, освен најблиското семејство никој не знаел за неговата болест, бидејќи тој така сакал.
И покрај тешката болест, тој учествуваше на егзибиционите турнири и ја извршуваше тренерската работа, па поради тоа никој не се посомневал дека има здравствен проблем.
Сочувство до семејството испрати и Борис Бекер
-Почивај во мир, Питер. Тој беше еден од добрите момци во тенисот. Мое сочувство до семејството и пријателите, напиша Бекер.