понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Хаос во Палатата: ФБИ го бара синот на кралицата, ќе го испрашува за трговија со малолетнички

Хаос во Палатата: ФБИ го бара синот на кралицата, ќе го испрашува за трговија со малолетнички

Неодамнешното апсење на милијардерот Џефри Епстин на аеродромот во Њујорк поради трговија со малолетнички за давање на сексуални услуги го вклучило алармот и од другата страна на Атлантскиот океан – во Бакингемската палата.

Имено, еден од добрите пријатели на Епстин е принцот Ендру, војвода од Јорк и среден син на британската кралица Елизабета Втора.

Според пишувањето на списанието “Globe”, американскиот ФБИ сака да го испраша принцот во врска со случајот кој ја потресол јавноста имајќи во предвид дека милијардерот се дружел со многубројни познати личности – Бил Клинтон, Доналд Трамп, Вуди Ален и други.

Британското списание, повикувајќи се анонимни извори, пренесува дека во Бакингемската палата има вонредна состојба.

„Кралицата Елизабета е надвор од себе од бес. Таа се плаши дека овој настан може жестоко да и наштети на монархијата. Поради тоа размислува и својот втор син да го исфрли од кралското семејство и да му ги ускрати правата и да го лиши од обврските”, рекол изворот близок на палатата.

Џефри Епстин, кој во 2007-ма веќе бил осудуван за слични прекршоци, бил задржан во притвор и сега му се заканува 45 години робија. ФБИ верува дека Епстин најмалку една од своите жртви пратил кај војводата од Јорк за секс, и тоа неколку пати. Тоа се случило во 2001-ва година и станува збор Вирџинија Робертс Џуфри, која тогаш имала само 15 години.