недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ако треба да се одзема имунитет за “Рекет”, Џафери ќе ги свика пратениците од одмор

Ако треба да се одзема имунитет за “Рекет”, Џафери ќе ги свика пратениците од одмор

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпекулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пишува Плусинфо.

Сепак, тој вели и да дојде до такво нешто и да има барање за одземање на имунитет, тоа што пратениците ќе бидат на одмор во август не значи дека нема да се состанат да расправаат за тоа.

– Собранието е во постојано заседание. Пратениците каде и да се, се знае дека треба да бидат подготвени да се вратат за одредено време. Ако има потреба, треба да планирам со координаторите да имаат информација кој каде ќе биде и во случај да треба ќе знаеме во кој рок можат да се вратат пратениците, вели Џафери.

Најнови вести