недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Боливија под дебела снежна покривка- властите со предупредување за заштита од студот

ВИДЕО: Боливија под дебела снежна покривка- властите со предупредување за заштита од студот

Боливија издаде предупредување за „голем студ“ во шест од своите девет департмани каде паѓа снег и дува силен ветер.

Предупредувањето за снег се однесува на западниот регион, на високото плато кај Лапа Паза исто така на запад, Оруро на југозапад, Потоси на југ, и источниот сектор на Кориљера каде надморската висина е над 4.000 метри, рекол Данило Пимијер, метеоролог, пренесува информативниот портал Ургентебо.

Предупредувањето ќе биде на сила до четврток или петок кога се очекува температурите да пораснат над сегашните шест степени под нулата.

Поради големата количина снег повремето се затворени неколку главни патишта, а училиштата не работат во повеќе региони. Поради замрзнатите патишта има неколку сообраќајни несреќи.

Бидејќи Боливија е на јужната Земјина хемисфера, таму е сега зима. Таа земја има две годишни времиња: влажно и суво време кое трае од мај до октомври што се зимски месеци, додека најстудено е од јуни до септември. Остатокот од годината е влажно годишно време,со најмногу дожд од декември до март што се летни месеци.