Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува случајот на сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”. Јавната установа и вработените во неа наместо да се грижат за малолетниците кои се под заштита на установата дозволила да се случи еден ваков грозоморен настан на малолетно девојче, истакна Марија Андоновска.
-Одговорност и транспарентност во однос на овој случај мора да има со цел да се спречи во иднина повторување на вакви или слични немили настани. Министерството за труди и социјална политика и министерката Царовска мораат да превземат одговорност за случајот бидејќи оваа Јавна установа е под нивна надлежност. На јавноста најпрво мора да и биде соопштено кои се лица во структурите на установата и министерството дале дозвола децата заедно со злоставуваното девојче да бидат однесени на така наречен „детски летен камп” каде девојчето било секслуално злоставувано, рече Андоновска и додаде:
„За трагедијата да биде уште поголема штитеничката го пријавила злоставувањето кај згрижувачите, но никој не и поверувал, само откако се констатирало дека 13 годишното девојче е бремено и за овој настан разбра јавноста, се прави слика дека се работи на разрешување на случајот. Најстрашно е што не се знае дали е овој единствен случај кој поминал незабележан од надлежните институции и дали доколку девојчето не забременило за овој грозморен настан никогаш немало да се дознае“.
Според Законот за социјална заштита, подвлече Андоновска, МТСП врши надзор над спроведување на законот и врши инспекциски надзор над установите за социјална заштита одговорност од министерката Мила Царовска мора да има.
-Оставка на Министерката и директорката во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” е нешто најмалку што може да сторат во овој момент.