четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алармантно: Постојат острови кои се 1.000 пати порадиоактивни од Чернобил

Алармантно: Постојат острови кои се 1.000 пати порадиоактивни од Чернобил

По експлозијата на нуклеарната електрана во Чернобил 1986 година, многумина тврделе дека тоа подрачје станало „најрадиоактивно место на земјата“, особено тоа се однесувало на кровот на електраната каде престој од две минути би можел на посетителот за половина да му го скрати очекуваниот животен век, пишува „Бизнис инсајдер“.

Сепак, со години на тоа подарчје се намалило нивото на радијација, па сега напуштените училишни дворови, забавни паркови и училници во градот Чернобил се отворени за посетители и стануваат се побарана туиристичка и авантуристичка атракција.

-Веројатно повеќе ќе се озрачите при летот до Чернобил, отколку таму, рекла нуклеарната научничка Клер Коркхил.

Сепак, постои едно место во светот кое е многу порадиоактивно од на сите познатиот Чернобил.

Според најновата студија која ја спровеле научници од Универзитетот Колумбија, одредени подрачја од Маршаловите острови, каде по Втората светска војна САД спровеле 67 нуклеарни испитувања, се уште покажуваат многу високо ниво на зрачење.

Научниците откриле зголемени нивоа на радиоактивни елементи во 38 примероци од толото земени од 11 различни острови. Највисока доза на зрачење пронајдена е на остфовот Бикини, каде САД спровеле најголем тест за хидрогенска бомба, а подоцна потопиле десетици радиоактивни бродови.

Таму е откриено и до 1.000 пати поголемо ниво на платониум, отколку во Чернобил или Фукушима.

Претежно научниците заклучиле дека четирите северни острови: Рунит, Енјеби, Бикини и Наен се многу порадиоактивни подарчја отколку чернобилската електрана. Иако тие острови претжено се ненаселени, истражувачите сметаат дека локалното население би требало да биде предупредено да го го минува времето на тие места.