четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Прскање против комарци денеска во општина Илинден

Прскање против комарци денеска во општина Илинден

Се известуваат жителите на општина Илинден дека денеска со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за поголема безбедност и заштита на граѓаните од појавата на комарци. Теристичкото прскање против комарци ќе се спроведува со УЛВ ладно замаглување од специјално возило.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.