недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милијардер педофил се обидел да се самоубие во затвор (ВИДЕО)

Милијардер педофил се обидел да се самоубие во затвор (ВИДЕО)

Милијардерот педофил Џефри Епстајн се обидел да се самоубие во затвор и сега е под 24-часовна стража.

Епстајн кој беше уапсен на почетокот на јули заради федералните обвинувања, пронајден е на подот од ќелијата во положба на фетус, рекле извори за Ен-Би-Си. Бил полусвесен и имал траги на повреди на вратот.

Извори тврдат дека Епстајн можеби се обидел да се обеси во ќелијата.

Друг извор тврди дека повредите на Епстајн не биле сериозни и укажува на можноста дека тој го користи инцидентот за да се обиде да добие трансфер во друг затвор.

Епстајн (66) обвинет е овој месец за кривично дело трговија со луѓе и завера за сексуална трговија во Окружниот суд на САД на Менхетен. Ако биде осуден се соочува со казна до 45 години затвор.