Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос, нема конкуренција кога се во прашање скандалите кои ги приредува во и надвор од теренот.
Имено, овој пат, тој го пречкрта името со маркер на Новак Ѓоковиќ, откако еден фан на Србинот го замоли Австралиецот да му се потпише на маичката.
Еве што мислам за тебе и оваа маичка, порача Кирјос.
Се разбира дека и овој потег предизвика лавина реакции, пред се кај нашите соседи и навивачите на Ѓоковиќ ширум светот.
Looks like @NickKyrgios is having fun with the fans in Atlanta… ? pic.twitter.com/PjtoDLHwWq
— Philip Fama (@tweener_head) July 25, 2019