Актерките Сара Џесика Паркер и Ким Катрал веќе со недели водат жолчна расправа преку медиуми.
Некогашните колешки кои заедно глумеа во култната серија „Сексот и градот“ изнесоа детали за својот однос, но и за деновите кога соработувале заедно.
Американската актерка Сара Џесика Паркер реши за прв пат да го прокоментира одбивањето на Ким Катрал да се појави во третото продолжение на „Сексот и градот“.
Ѕвездата на серијата објаснила дека немало расправии, но истакна дека деновите кога снимале биле прекрасно искуство за неа.
-Никогаш претходно не сум зборувала за тоа, освен што реков дека некои од нас се разочарани со тоа што Саманта нема да го снима третиот дел. Никогаш не одговорив на разговорот кој го имале Ким и Пирс Морган, каде таа изјави работи кои навистина се болни за мене. Имавме прекрасно искуство и никогаш нема да биде како тоа. Имавме конекција со публиката, имавме конекција со градот и со екипата, и моравме да си ги раскажеме тие луди приказни една на друга. Поради тоа, не сакам да навлегувам подлабоко. Не би можела да замислам некој друг да го игра тој дел (улогата на Саманта Џоунс). Едноставно немаше кавга. Беше целосно измислена, бидејќи никогаш не и одговорив, изјави Сара за „Пипл“.
Што се однесува до интервјуто во кое Ким изјавила дека одбива да го сними третиот дел од филмот „Сексот и градот“, затоа што не сака да биде онака како што “дивата командува“, Сара кратко прокоментира:
„Тоа е многу болно за мене. Немам намера да одговорам на изјави на Ким кои ги даде во медиумите“.