Бескаматен заем од 10 милиони форинти (30.950 евра) предлагаат унгарските власти за семејни двојки. По раѓање на трето дете, кредитот ќе биде поништен. Тоа се предвидува во новите предлози на унгарската влада што почнаа да важат од почетокот на јули, јави „Еуроњуз“.
Согласно новата шема, предвидени се субвенции за автомобил за големи семејства и ослободување од данок врз приходи на жени кои одгледале најмалку четири деца.
Според податоци на државните служби, од почетокот на јули 2.400 семејства побарале таков кредит, а 14.000 семејства побарале најмалку еден елемент од планот.