вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Владата само што го донесе буџетот, а веќе подготвува ребаланс

Владата само што го донесе буџетот, а веќе подготвува ребаланс

Според изјавата на советникот за економски прашања во Владата, професорот Ванчо Узунов владата уште во февруари размислува за нов ребаланс на буџетот кој го донесе во декември.

-Барем една третина од вкупните средства кои ги планира Владата за целиот овој план во една година, тоа е фактички до првиот ребаланс- рече економскиот советник на Владата, професорот Ванчо Узунов.

На ова реплицираше Христијан Делев кој посочи дека најавите за ребаланс на буџет уште во самиот почеток на буџетската година говорат дека или не се остварува буџетската проекција на Владата или не знаат како да менаџираат со парите на граѓаните.

– Кажавте фрапантни работи дека ќе има ребаланс,а февруари е, тоа значи дека нема да го реализирате планот кој што сте го донеле пред граѓаните. Тоа значи , за сите нас како граѓани, дека тоа што го донесовте со закон за Буџет, не важи. Тоа е многу лош и несериозен пристап. Тоа значи дека нема да се изградат патиштата, тоа значи дека не знаете да ги потрошите парите или не сте успеале да соберете толку средства колку што сте планирале. Тие се двете работи за ребаланс, заклучи Делев.