недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Усеини: Нека ме рушат ама заедно со сите дивоградби на крајбрежјето

Усеини: Нека ме рушат ама заедно со сите дивоградби на крајбрежјето

Се случува политички атентат врз мене и тоа што го работам, ако треба да се руши мојата пицерија – нека се руши. Ова го вели Нефи Усеини во интервју за ТВ24.

– Јас не мислам дека мојот ресторан е дивоградба. Веќе работи 12 години и плаќам се на државата. Секоја година си гласаме во Совет за урабана опрема и секоја година си плаќам придонеси за терасата. Таа е не е дивоградба и затоа не ја рушев. Само имаше реновирање. Ги тргнав најлоните и ставив стакло за да изгледа поубаво за туристите. Ако законот кажува да го рушам мојот објект, ќе го рушам. Ама да не биде селективно, да не биде само Нефи, туку цело крајбрежје што не плаќа придонеси, вели Усеини за ТВ24.

Најнови вести