Лозарите се скептици дека годинава ќе успеат да добијат солидна цена за грозјето. Незадоволни се од преговорите со винарниците. Велат килограм грозје треба да се откупува за 18 денари, а од винарските визби им нудат и до 30% помалку.
Лозарите под итно бараат да се формира работна група во која ќе бидат вклучени тие, претставници од министерството за земјоделство и локалните власти за да се договорат околу откупната цена на грозјето. Велат бербата е за еден месец, а тие се уште се во неизвесност дали воопшто ќе го предадат грозјето и по која цена. Обвинуваат дека винарниците се уште не им ги префрлиле парите ниту за предадениот род од мината година.
Лозарите претходно побараа грозјето да биде стратешки производ со заштитена цена и тоа стриктно да биде наведено во законот за вино. Според првичните проценки на винарниците, се очекува откуп на околу 125 милиони килограми винско грозје.
ИЗВОР: АЛФА