понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Родителите збеснаа кога ја видоа новата тинејџерска серија: Ова е најшокантната содржина на HBO (ВИДЕО)

Родителите збеснаа кога ја видоа новата тинејџерска серија: Ова е најшокантната содржина на HBO (ВИДЕО)

Новата ТВ-серија на HBO насловена „Euphoria“ ја следи приказната на Ру, 17-годишна зависничка од дрога која излегува од рехабилитација и се обидува да си го најде своето место во општеството и заедницата.

Веќе по емитувањето на третата епизода, се засилија острите реакции од родители кои сметаат дека серијата за тинејџери содржи премногу експлицитни содржини.

Најсилни реакции предизвика сцена во која наводно може да се видат 30 машки полови органи, па некои гледачи веќе ја нарекуваат серијата „најшокантната содржина на ТВ“.

„Некои родители ќе се шекнат поради серијата“, изјави уште претходно креаторот на серијата Сем Левинсон и не беше далеку од вистината.

Актуелниот хит на HBO е направен по истоимената израелска серија што се емитуваше во 2012 година и третираше слични теми – зависности, сексуалност, психички проблеми… Израелската верзија траеше само една сезона, а HBO веќе најави втора сезона за серијата на која работи и популарниот рапер Дрејк.

Темите во „Euphoriа“ се прилично безвременски, а општо гледано, целта на серијата е да ги прикаже проблемите со кои се соочуваат тинејџерите во ерата на  Snapchat и Instagram.

Мислењата на публиката се поделени. Додека некои, повеќето родители на тинејџери, сметаат дека содржините се премногу експлицитни, други сметаат дека е „искрена, сирова и реална“.

Главната улога во серијата ја игра ѕвездата на Disney Зендаја – 22-годишната актерка и пејачка за која многумина велат дека ѝ претстои успешна кариера како на Мајли Сајрус.

Серијата почна да се емитува на 16 јули, а последната епизода од првата сезона треба да се емитува на 5 август.