вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) „Летечкиот човек“ Френки Запата го прелета Ламанш

(ВИДЕО) „Летечкиот човек“ Френки Запата го прелета Ламанш

Францускиот летечки човек, Френки Запата го прелета денеска за првпат во историјата Ламанш на својот изум „флајборд“.

Запата тргнал во 8:15ч од плажата Сангате во Франција, на половина пат успешно наполни керозин и дваесетина минути подоцна пристигна на јужниот брег во Англија.

Тој преку морето леташе на висина од 15 до 20 метри.

Запата (40) успеа да го прелета Ламанш за 20 минути, пренесе „Би-би-си“.