понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи: Нема никаква основа за екстрадиција на Морина

Османи: Нема никаква основа за екстрадиција на Морина

Нема никаква основа за екстадиција на Томор Морина, и кога би имало треба во Косово да се екстрадира, а не во Србија, вели за телевизија 24 вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, откако вчера Кривичниот суд го одби неговото барање да го посети поранешниот припадник на ОВК кој што мината недела беше уапсен во земјава по потерница на Интерпол.

Тој вчера изјави дека му гарантирал на Морина дека нема да биде екстрадиран, но не даде одговор како претседател може да гарантира за одлука што судот допрва треба да ја донесе.

„Република Северна Македонија треба да продолжи да послужи како пример, медијатор и пооддржувач на регионалното помирување. Ваквите случувања го поткопуваат имиџот и регионалното значење на државата. Оттука државата под итно да ја следи политиката на ЕУ кон ова прашање, но и системски да го реши за да никогаш не се повтори. Нема никаква основа за екстрадиција, и кога би имало треба во Косово да се екстрадира, а не во Србија, вели Османи.

Најнови вести