Припадници на летонската антикорупциска агенција го уапсија гувернерот на централната Банка на Летонија, Илмар Римшевич, соопшти денеска Кабинетот на летонскиот премиер Марис Кулинскис.
– Бирото за превенција и борба против корупцијата го уапси гувернерот на Банката на Летонија, се наведува во соопштението.
Апсењето на Римшевич следува откако во петокот агенти на Бирото извршија претрес во неговиот дом и неговата канцеларија.
Причините за апсењето на Римшевич засега не се соопштени.