петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мече спасено од пожарите во Сибир не престанува да го гушка човекот што го спасил (ВИДЕО)

Мече спасено од пожарите во Сибир не престанува да го гушка човекот што го спасил (ВИДЕО)

Во последните денови се локализирани десетина пожари на територија од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија, но пожарите и понатаму беснеат поради што на терен се испратени и дополнителни екипи по наредба на претседателот на Русија Владимир Путин.

Според последните податоци на Владата во Русија пожарите зафатија површина од 1,2 милиони хектари.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите, пишува Поглед.мк

На социјалните мрежи се појави видео за кое уште не знаеме дали е старо или е пак од сега, а во кое мало мече кое е спасено од пожарите не го пушта од прегратка својот спасител. Ова видео сепак испраќа силна порака: Не навредувајте ги животните со тоа што ќе наречете некој човек „животно“.