понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар по вторпат на Супер Глоуб

Вардар по вторпат на Супер Глоуб

Европски првак Вардар со освојување на европскиот трофеј по втор пат избори место на неофицијалното клупско светско првенство Супер Глоуб. Турнирот ќе се одржи од 27 до 31 август во Саудиска Арабија.

На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и екипите на: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принципот на елиминација.

Вардар ќе игра директно во четвртфиналето и таму за прв противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. Со евентуална победа, вардарци во полуфиналето многу веројатно би играле со Кил од Германија.

Германците во квалификациите за четвртфиналето се среќаваат со Сиднеј, со победа одат на Замалек. Подобриот тим од овој меч ќе се пласира во полуфиналето

Вардар пред две сезони исто така играше на Супер Глоуб и го освои третото место.