четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Македонската економија со оваа неспособна Влада е на сосема погрешен пат- до каде е спремен да оди Заев во своите манипулации?“

„Македонската економија со оваа неспособна Влада е на сосема погрешен пат- до каде е спремен да оди Заев во своите манипулации?“

Македонската економија со Заев и оваа неспособна Влада е на сосема погрешен пат!, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Просечната стапка на раст во периодот 2006-2016 година кога Владата на Република Македонија ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ е 3.2%. Просечната стапка на раст во изминатите две години кога СДСМ ја предводи Владата е 2.3%. Ако се повикаме на правилото 70 кое важи во економската наука ќе заклучиме дека со претходната развојна динамика ни биле потребни 21 година да го зголемиме двојно (за 100%) БДП по глава на жител, а денес со оваа динамика на Заев ни се потребни цели 30 години или 9 години повеќе.
Тоа значи дека Заев и неговата неспособна Влада ги кочи македонските граѓани за цели 9 години во двојно подобрување на нивниот животен стандард. Пред фактите и Боговите молчат освен Заев кој живее во виртуелен свет.

Од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат до каде е спремен да оди Заев во своите манипулации?

-Во недостиг на резултати во економијата Заев почна да се фали со резултати кои биле испорачани во период 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година повикувајќи се на извештајот за трговски политики на СТО за периодот 2012-2018 година.