среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Руски свештеник агресивно крштеваше бебе- Вознемирената мајка се обидуваше да интервенира

ВИДЕО: Руски свештеник агресивно крштеваше бебе- Вознемирената мајка се обидуваше да интервенира

Видео од крштевање на бебе ја потресе руската јавност. Снимката беше објавена од револтираните родители кои споделија дека нивното малечко има повреди и трауми од агресивното однесување на свештеникот.

Во вознемирувачкото видео, игуменот Фотиј насилно се обидува трипати да го потопи едногодишното момче во светата вода додека тоа со сета сила се спротивставува. Во еден момент, мајката се приближува за да го успокои своето дете, но свештеникот не ѝ дозволува.

Според изјавата на мајката Анастасија Алексеева, бебето имало модринки и гребаници на вратот и грбот, а како последица на инцидентот, се плашело од сè и хистерично плачело. Анастасија го пријавила случајот во полиција, по што била започната истрага.

55-годишниот свештеник од Гатчина изјавил дека неговата постапка била нормална и ја обвини мајката дека не била подготвена за крштевка.

„А што точно се случи? Ништо не се случи, немам никаква вина. Едноставно емоциите на мајката беа повишени и таа се покажа како нецрковна личност и неподготвена за крштевка. По правилата на православната црква телото на бебето треба трипати да биде потопено, јас тоа и го следев. Бебето не голташе вода. Јас служам 26 години и секогаш така крштевам“ – рекол тој пред да биде суспендиран.