среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Хаос во СЈО откако Вилма ја повика Катица на сослушување

Хаос во СЈО откако Вилма ја повика Катица на сослушување

Катица Јанева конечно ќе се соочи со Вилма Рускоска. Алсат неофицијално дознава дека на адреса на Специјалното обвинителство, утрото до шефицата на СЈО стигнала поканата за сведочење за случајот „Рекет“. Курир од обвинителството за организиран криминал го донел пликото во СЈО. Поканата создала хаос.

Полицајците во СЈО почнале дури да ги претресуваат сите вработени кои влегуваат и излегуваат од Специјалното обвинителство вклучително и обвинителите, по директна наредба на Јанева. Паралелно, кај Рускоска за „Рекет“ сведочеше шефицата на нејзиниот кабинет. Иако требаше денеска, се одложи сведочењето на обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми. Причина е судењето каде „ТНТ“ каде тој е обвинител. Обвинетите за уривање на комплексот „Космос“, водени од можната инволвираност на Јанева во „Рекет“, побараа нејзино изземање.

Засега осомничени за изнуда на 1,5 милиони евра од Камчев се само Боки 13 и Зоран Кичеец. Му ги зеле парите со ветување дека ќе влијаат во СЈО и ќе ја стопираат истрагата за перење пари против Камчев. Италијанскиот десничарски весник „Ла Верита“ објави и аудио бомби каде се слуша гласот на Катица Јанева. Го смирува Камчев дека „Империја“ е под контрола и дека преземените дејствија се за да се покаже дека истрагата е жива. Јанева не демантираше дека разговарала со Камчев но негираше дека е дел од рекет шемата на Боки 13 и Зоки Кичеец.

Најнови вести