понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со честитка по повод денот на Армијата на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со честитка по повод денот на Армијата на Македонија

-Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, почитувани граѓани, дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денот на Армијата на Република Македонија. Денес се одбележува и формирањето на првата регуларна воена единица на НОВ, батаљонот „Мирче Ацев“, формиран во далечната 1943 година на 18 август, во месноста Славеј на планината Караорман, во Дебарца, од партизанските одреди „Даме Груев“, „Ѓорче Петров“ и „Димитар Влахов“.  Нивната борба беше за слобода на Македонија, а АРМ како наследник на таа пркосна и слободарска идеја е и мора да остане нејзин најверен чувар. Преку учеството во антифашистичката борба, кога македонскиот народ заедно со сојузниците се избори за слобода и победа на фашизмот, преку учеството во мировните мисии предводени од сојузниците во НАТО, македонската армија покажа и докажа дека има капацитет да се сноси со сите предизвици. Бевте и ќе бидете секогаш на вистинската страна на историјата, стои во неговата честитка.

Тој понатаму додава дека имајќи ги во предвид жртвите кои ги давате во вашето служење за татковината, и како човек кој поминал низ нејзините структури ја заслужувате нашата највисока почит, но и третман од државата.

-А, условите во кои дејствувате се несразмерни со трудот и интензивниот ангажман кој го давате. Затоа мора да се работи на подобри услови и подобар стандард. Доаѓа ново време, време за обнова на Македонија, кога секој ќе биде вреднуван. Дозволете ми уште еднаш да го честитам денот на АРМ. Нека е за многу години, завршува во честитката Мицкоски.

Најнови вести