Членовите на владиниот кабинет треба да донесат мислење и за Информацијата за работата на Меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација. Тие ќе одлучуваат и за Информацијата за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на измена и дополна на Проект за инфраструктура за изградба на железничка пруга Куманово-Бељаковце, општина Куманово со Предлог – одлука.
Редовната, 150-та седницата на Владата на Република Северна Македонија, со останатите многубројни точки на дневниот ред, е предвидено да започне денеска напладне.