Утрово во Гевгелија почина мајката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Јанева вечерва доби 30 дена притвор како третоосомничена во „Рекет“.
Сепак, на обвинителката која од вечерва ќе биде сместена во притворското одделение во Шутка, утре ќе и биде обозможено да присуствува на погребот на својата мајка.
Таму ќе замине во полициска придружба.