петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Детали од ЈСП за автобусот кој се запали во Ѓорче Петров (ФОТО+ВИДЕО)

Детали од ЈСП за автобусот кој се запали во Ѓорче Петров (ФОТО+ВИДЕО)

Во автобусот на линија 5 во кој утринава избувна пожар нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Настанот се случил во близина на општина Ѓорче Петров, кога автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон Центар, информираат од ЈСП-Скопје.

-Пожарот, чии причини се утврдуваат, е изгаснат во брзо време, благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен и се утврдуваат причините на пожарот, велат од ЈСП и додаваат:

„Возачот на автобусот изјавил дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со ПП апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме забележал и искрење и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада. Пожарот бил изгаснат во најбрз можен рок. Во моментов, на терен врши увид и екипа на МВР“.