недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре автобусите ќе возат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи до 20 часот

Утре автобусите ќе возат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи до 20 часот

ЈСП Скопје информира дека утре, петок, поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.