четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жичарницата од недела ќе работи до 18 часот

Жичарницата од недела ќе работи до 18 часот

Жичарницата од недела (1.10.2023 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надоле, информираат од ЈСП- Скопје.

-Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април.

Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси.

Од недела (1.10.2023 год), линијата 25 (Транспортен Центар – Средно Водно) ќе сообраќа по есенски режим на работа, додаваат од ЈСП.