петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жичарницата од утре ќе работи до 17 часот

Жичарницата од утре ќе работи до 17 часот

ЈСП Скопје информира дека Жичарницата од утре, вторник (01.11.2022 год), ќе работи еден час помалку од досега, односно од 10 до 17 часот.

Во период од 16-16.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Новото работно време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември – март. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот.