среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина креаторот на империјата „Фолксваген“, 12 деца останаа без татко

Почина креаторот на империјата „Фолксваген“, 12 деца останаа без татко

Човекот кој ги зацементира темелите на „Фолксваген“ и татко на 12 деца од 4 различни жени, Фердинанд Карл Пих, почина на 82-годишна возраст.

Ненадејно – вечерал со сопругата во еден ресторан во Германија, му се слошило, изгубил свест и колабирал. Бил префрлен во болница, но не ја издржал ноќта и ја изгубил битката за животот. Ќе се памети како контроверзна личност со цврст карактер и челична волја, заради што му појде од рака од „Фолксваген“ да направи гигант. После школувањето, како внук на Фердинанд Порше се вработи во фабриката на Porsche во Штутгарт, каде до израз дојдоа неговата инженерска и менаџерска брилијантност.

Во 1972 година премина во Ауди, трансформирајќи ги во премиум бренд кој ја предводи техниката. На чело на „Фолксваген“ дојде во 1993 година и се задржа сé до 2002-та, период за кој компанијата од Волфсбург се претвори во исклучително успешен глобален производител на автомобили, со милијарди евра профит.