Економијата со ова влада доживува фијаско, велат експертите. Имено, тоа го зборуваат и бројките кои неодамна излегоа на официјалниот сајт на Министерството за финансии и Државниот завод за статистика.
Така според Извештајот за извршување на буџет заклучно со јули 2019 година капиталните трошоци изнесуваат очајни 24,5 % . Ова според економистите е алармантна состојба затоа што реализацијата на капиталните инвестиции е во тесна врска со растот на БДП што очигледно оваа година ќе потфрли.
Анализата на „Економски“, пточитајте ја во продолжение:
Доколку се направи анализа низ минатите години целокупно секој месец Јули од владеењето на СДСМ е со катастрофални резултати. Колку за споредба, во 2009 година, која е позната како година на економска криза, во месец Јули 2009 година се инвестирани 1 милијарда денари.
За првите седум месеци од 2019 заклучно со Јули, реализирани се 24,5% односно само 100 милиони евра од планираните капитални инвестиции. Експертската јавност потенцира дека основата на економскиот раст и развој е во капиталните инвестиции, што на Македонија очигледно очајно и недостигаат.
Состојбата ниту во градежништвото не е сјајна односно според последните податоци на Државниот завод за статистика македонското градежништво бележи пад во издадените одобренија за градба што означува дека во екот на градежната сезона има надолни движења.
Спротивно на тоа задолжувањата вртоглаво растат додека инфраструктурите проекти или се заглавени или недовршени или воопшто непочнати. Така според официјалните податоци вкупните задолжувања за првите седум месеци од почетокот на годината Владата се задолжила за вкупни 150 милиони евра додека конкретни проекти и реализација нема.
Познавачите велат дека владата и економскиот тим на чело со вице-премиерот Кочо Анѓушев имаат огромни промашувања во делот на економијата и економските политики кои директно влијаат врз стандардот на живеење на граѓаните во негативна смисла. Македонската економија со ваквите политики и мизерни резултати се врати години наназад .
За потсетување е дека владата ветуваше дека после катастрофалната 2018 година на економски план најлоша споредена со последните 10 години , 2019 година ќе биде економска година. Со оглед на фактот дека бројките го зборуваат сосема спротивното повеќе од очекувано е дека и оваа година Македонија ќе се најде на дното на економскиот раст како на Балканот така и во Европа.
Извор: ЕКОНОМСКИ