четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во ДР Конго 2.000 луѓе починаа од ебола

Во ДР Конго 2.000 луѓе починаа од ебола

Бројот на жртви од епидемијата на ебола, која во јужниот дел на Демократска Република Конго изби пред една година, достигна до 2.000, се наведува во владиното соопштение.

Според истите податоци, повеќе од 3.000 луѓе се инфицирани од ебола.

Тоа е втор најсмртоносен бран од ебола, што официјално почна во август минатата година.

При епидемијата на ебола во Западна Африка што траеше од 2013 до 2016 година починаа повеќе од 11.300 луѓе.