четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мистериозна светлина на небото, стотина луѓе ја алармирале полицијата (ВИДЕО)

Мистериозна светлина на небото, стотина луѓе ја алармирале полицијата (ВИДЕО)

Стотици луѓе во британските градови Хал и Јоркшир биле загрижени кога ги виделе мистериозните портокалови и црвени светла во среда вечерта на небото. Полицијата добила бројни повици од шокирани граѓани и подоцна било утврдено дека станува збор за гасови кои доаѓаат од рафинеријата „Имингем“ и нема причина да се паничи.

Неколку граѓани направиле снимки од црвена и портокалова појава што ги загрижувала, опишувајќи го сјајот како огромна рефлексија на светлината на автомобилот.

Други, пак, ги прашаа корисниците на социјалните мрежи дали знаат за што всушност станува збор.

-Не можам да верувам дека ова изгледа како нешто од филм. Дали некој знае што е тоа – напиша еден од корисниците на Твитер.

-Што е ова? Чудна, пулсирачка, блескава портокалова светлина кон небото, доаѓа од подрачјата Хамбер, Имингем и Линколншир. Изгледа како гигантски индикатор од автомобили, напишала друга жена.

Потоа, полицајците откриле за што зборуваат и се надевале дека граѓаните сега се помирни.

-Имавме неколку извештаи за мистериозен црвен сјај што се протега низ небото јужно од брегот на Хамбер. Веруваме дека тоа е вишок гас што бега од рафинеријата. Нема причина да се грижите, рекол портпаролот на полицијата.