Зоран Заев и СДСМ се елементарна непогода за економијата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Бројот на работници во индустријата е паднат. Нивото на Странски директни инвестиции во вториот квартал од 2019 година изнесува очајни 6 милиони евра. Задолжувањата рапидно растат. Нивото на јавен долг за првпат во историјата е над 5 милијарди евра. СДСМ само ја тоне Република Македонија. Потребни се итни предвремени парламентарни избори за обнова на Македонија, порачуваат од партијата.