понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Таксистите со проблеми во Неготино – Инспекција не им дозволува да превезуваат патници до Кавадарци, остварија средба со Јанчев

Таксистите со проблеми во Неготино – Инспекција не им дозволува да превезуваат патници до Кавадарци, остварија средба со Јанчев

Таксисти кои секојдневно сообраќаат на релација од Кавадарци кон Неготино и обратно, денеска му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на третманот што го имаат во Неготино.

– Ние секојдневно превезуваме патници, но сега неготинската инспекција, откога ќе однесеме патници натаму, не ни дозволува да земаме патници наваму, туку не тера да се враќаме празни, рекоа таксистите.

Јанчев им вети дека до понеделник нема да имаат никакви проблеми. Ги информира дека е договорен состанок со неготинскиот градоначалник Тони Делков, на кој двајцата градоначалници ќе изнаоѓаат решение за проблемот.

Делков исто така за МИА потврди дека е информиран за барањата на таксистите и нагласи дека ќе се разговара со Јанчев околу тоа да се надминат сите недоразбирања во интерес на двете општини.