вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Дали прилепската локална самоуправа сама си го гради “Мостот на воздишките”?

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Дали прилепската локална самоуправа сама си го гради “Мостот на воздишките”?

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ преку свој фејбсук статус прашува дали прилепската локална самоуправа сама си го гради “Мостот на воздишките”?

-Дали прилепската локална самоуправа сама си го гради “Мостот на воздишките”

21 метар долг и 16 метра широк ќе биде новиот мост во Прилеп а прилепчани ќе ги чини само 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ.
Драги мои прилепчани, ова не е лажна вест. Ете и Прилеп станува мегапопуларен како и Венеција и ќе си добие репрезентативен мост кој за прилепската локална самоуправа ќе биде “Мостот на воздишките” . Мостот веќе се гради и тоа по фантастична цена која го направи доста популарен. Значи за неговата планетарна популарност не беше пресудна ниту убавината или историјата туку едиствено цената за негова изградба. Фантастични 30 милиони денари или 500 000 евра за иградба на ова мистериозно мовче на кое му подзавидуваат и најврвните светски архитекти. Од предвидените 8 милони денари во буџетот на општина Прилеп за негова изградба тендерот за негова изведба достигна фантастични сума од половина милион евра (нешто како аукција за уметички дела).
Малку математика и добивате фрапантни податоци. Еден метар должен од овој мост ќе ги чини Прилепчани скоро 24.000 евра или метар квадратен фантастични 1.500 евра.
Од тука прашањата на кои сите бараме одговор.
Дали потребата од ваков скап мост е од круцијално значење за развојот на градот?
Дали општина Прилеп има суфицит на финасии па се расфрлаат пари на ваков начин?
Дали овие пари ќе ги платат прилепчани од нивниот “длабок” џеб ?
Дали ова е развој на некој “елитен” туризам па ќе почнат да доаѓаат туристи да го видат најскапиот мост во светот, а можеби и катанче ќе остават на него за среќа?
Дали ова мовче е симболот на оваа криминално владеење?

Сите овие прашања можеби не заслужуваат одговор или како што милува да каже премиерот со овој проект се чуствуваме блескаво.
Целава ситуација изнудува на сите нас воздишки а локалната самоуправа порано или подоцна ќе треба да ја удостои јавноста со одговори на овие прашања. Општинските власти сепак ќе мора да се информираат подобро кој е мостот што го викаат *“Мостот на воздишките” и што поврзува истиот, зошто на крајот од мандатот најверојатно ќе треба да ги чекорат тие воздишки.

КОМИСИЈА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, стои во нивниот пост на Фејбсук.