сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ученици од средно скопско училиште со страв одат на настава- надлежните цело лето го преспаа, па решија да реновираат (ФОТО)

Ученици од средно скопско училиште со страв одат на настава- надлежните цело лето го преспаа, па решија да реновираат (ФОТО)

До редакцијата на КУРИР ученици од средното училиште „Брака Миладиновци“ од Драчево испратија фотографии на кои се гледа дека нивното одење на настава е небезбедно и опасно по живот.

Станува збор за градежни работи кои се извршуваат во училишните простории за време на наставата на учениците.

Тие додека траат часовите се во паника поради опасните машини, плински боци и искри кои треба да ги прескокнуваат додека се движат по ходниците.

Учениците за КУРИР додаваат дека наместо цело лето да ги завршеле градежните работи, само кај нас надлежните обратно ги извршуваат работите.

Најнови вести