понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се асфалтира „Малешевска” во Драчево

Се асфалтира „Малешевска” во Драчево

Завршува асфалтирањето на улицата „Малешевска”. Оваа важна сообраќајница која 40 години чекаше на реконструктивен зафат, денес добива нов лик.

-Завршена е реконструкцијата на последните 800 квадратни метри. Ќе се градат нови тротоари поплочени со павер елементи, ќе се постават нови рабници. Со овие градежни зафати се подобрува патната инфраструктура во населбата Драчево, се подобруваат условите за живеење на сите жители од овој дел на општина Кисела Вода. Инвестициониот циклус во насока на подобра инфраструктура продолжува низ сите месни и урбани заедници со цел да се постигне рамномерен регионален развој, велат од општината.