Познатата српска пејачка Андреана Чекиќ вчера го прослави својот 35 роденден со најблиските пријатели и многу познати личности.
Славеничката цела вечер била весела и насмеана, а за нејзината забава се погрижија многу естрадни ѕвезди меѓу кои најмногу пееја Дарко Лазиќ и Џани.
Сепак најголемото изненадување пејачката го доживеала откако нејзиното момче Марко Милошевиќ пред многуте гости официјално клекнал и ја запросил пејачката.
Според фотографиите Андреана не можела да дојде на себе од радост и веднаш прифатила со позитивен одговор.
Инаку пејачката само пред неколку месеци се разведе од својот сопруг, додека нејзиното момче се уште е во брак, а во меѓувреме таа стана мега популарна со нејзиниот хит „Ципеле“.