Компаниите кои произведуваат мобилни телефони често го претставуваат својот нов модел, па голем број од луѓето одат во продавниците по новиот уред поради бројни причини, но финансиската е на врвот.
Меѓутоа, доколку редовно доживувате некои од следниве работи, дефинитивно е дојдено времето да посетите некоја од продавниците наменети за тоа и да си одберете нов телефон.
-Не можете да го симнете новиот оперативен систем
-Батеријата не може да издржи цел ден, дури ни по целосно полнење
-На телефонот немате доволно меморија
-Не може ништо да направите бидејќи е многу спор.