Додека граѓаните на Виниче, Страчинци и останатите населени места се оставени сами на себе да се борат со огнената стихија на Скопска Црна Гора, Зоран Заев и Борче Георгиевски промовираат гол популизам со реконструкција на улица Благоја Стефковски која во 2013та година беше реконстуирана, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.
-Граѓаните на општина Гази Баба го препознаваат популизмот и неспособноста на апсолутната власт на СДСМ и затоа ќе ги казнат на предвремени парламентарни избори!