Писмото на Катица Јанева за предавање на предметите од СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала?!?- -прашува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:
„Заев ѝ се јавил на Катица Јанева да ги ослободи осумтемина екс-пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени. Катица го искористила тоа и преку Боки влегува во сета корупциска приказна?!?
Некако познато звучи, но не го кажуваше ова ВМРО-ДПМНЕ?
Ајде да повториме што друго сме кажале:
“Водачот на криминално-рекетарска банда – Зоран Заев на крајот од овој краткометражен траги-комичен игран филм со наслов “Зоки и бандата пробаа да си играат Влада” ќе излезе дека бил позадината на се!?!”
А, што друго да очекуваме од аболициран криминалец (и тоа не еднаш), освен криминал и уништување на државата, и баш затоа, прво ќе бидете поразени на предвремени парламентарни избори, а потоа ќе одговарате за сите криминали и злодела што ги направивте!
П.С. – како беше тоа од “душегрижниците” дека сме биле договорени и лидерската е само про-форма?!?
Епа се виде дека не е, и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде алиби на Заев за тој да продолжи со контрола врз обвинителството.
А, таа контрола му треба освен за притисок и прогон кон опозицијата, пред се му треба за амнестијата на сите негови криминали и криминалите на неговите луѓе. Но, вистината и правдата сега или потоа ќе дојдат.