сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Парламентарното мнозинство го отфрли предлогот Јанева да биде разрешена од позицијата специјален јавен обвинител

Милошоски: Парламентарното мнозинство го отфрли предлогот Јанева да биде разрешена од позицијата специјален јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ денес предложи Собранието да ја разреши СЈО Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители за спец.обвинителка да биде разрешена, објави пратеникот Антонио Милошоски.

„Дополнителен аргумент е што Јанева е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски. Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Катица Јанева да биде разрешена од позицијата спец јавен обвинител.
Интересно е да се знае кој заеднички договор со осомничената го има власта што се уште ја штити обвинителката Катица Јанева. Толку ли многу тајни знае Катица Јанева, затоа што таа знае премногу информации за тоа кој се од власта е вмешан во Рекет“-напиша тој на својот Фејсбук профил.

Најнови вести