недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во Хонг Конг се судри со демонстрантите во неколку трговски центри (ВИДЕО)

Полицијата во Хонг Конг се судри со демонстрантите во неколку трговски центри (ВИДЕО)

Полицијата од Хонг Конг со палки се пресметуваше со демонстрантите , кои денеска протестираа во неколку трговски центри во градот и приведоа десетици.

Протестите беа значително помалку насилни отколку во последните недели кога антивладините демонстранти ги нападнаа парламентот и Канцеларијата за врски во Кина, симбол на кинеското право, уништувајќи ги метро станиците и палеа пожари на улиците. На тоа полицијата одговори со солзавец, гумени куршуми и водени топови.

Само неколку стотици луѓе излегоа денеска на протести.

„Ние мора да продолжиме да излегуваме да и’ порачаме на владата да одговори на нашите пет барања, или тие ќе мислат дека се согласуваме со повлекувањето на законот за екстрадиција “, рече демонстрантот Манди (26).

Антивладините протести се предизвикани од овој предлог-закон и загриженоста дека Пекинг ги поткопува граѓанските слободи, но многу млади луѓе се лути и поради претерано скапиот живот и невработеноста.

Другите четири барања се :да не се користи зборот „немири“ за протестните митинзи, ослободување на сите демонстранти, независна истрага за полициското насилство и правото на жителите на Хонг Конг да ги избираат своите водачи.