недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меланија со стајлингот направи хаос: Сите зборуваат за вознемирувачкиот детаљ на палтото кое го носеше првата дама (ФОТО)

Меланија со стајлингот направи хаос: Сите зборуваат за вознемирувачкиот детаљ на палтото кое го носеше првата дама (ФОТО)

Еден твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој ја објави фотографијата од одбележувањето на годишнината од терористичките напади на 11 септември направи вистински метеж на интернет, а сè поради капутот кој го носела првата дама Меланија.

Имено, некои од корисниците на социјалната мрежа велат дека дел од нејзиниот капут, по должина на работа, одговара на вознемирувачката сцена од 11 септември, односно личи на авионот кој се забива во една од кулите на Светскиот трговски центар.

„Спорната“ фотографија била направена вчера кога во текот на церемонијата Доналд и Меланија Трамп биле во Белата куќа и Пентагон, кога Меланија носеле краток, црн фустан на Ралф Лорен.

На фотографијата се прикажани Доналд и Меланија Трамп завртени со грб. Меланија носи долг капут кој е шиен со бел конец. „Никогаш нема да заборавиме“, пишува на фотографијата.
Заматената фотографија на твитот на претседателот ги прикажува Доналд и Меланија свртени со грб како гледаат во далечина. Меланија на фотографијата има долг црн капут опшиен со бел конец.

„Никогаш нема да заборавиме“, пишува под американското знаме на фотографијата.

Кога фотографијата ќе се зголеми, конецот и копчето на долниот дел од капутот потсетуваат на кула и авион, што веднаш предизвикало хаос на Твитер.

Твитерџиите веднаш започнаа да објавуваат фотографии на кои што спорниот детаљ е зумиран, а иако навистина сето тоа потсетува на немилата сцена од 11 септември 2001 година во Њујорк, многумина сметаат дека тоа е „сепак само еден обичен отвор на нејзиниот капут“.

„Дали е ова авионот кој се заби во кулите близначки на позадината на палтото на Меланија?!?“, рекол корисникот Ејб Калдвел во неверување.

„Не сакам да звучам како залуденик за теории на заговор, но дали некој друг гледа авион како паѓа во кула на палтото на Меланија?“, прашала корисничката Кити Хил.