среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во отсуство на македонски продуценти и филмски професионалци на Браќа Манаки Еуримаж ги презентираше новите критериуми на фондот за поддршка и развој на кинематографиите

Во отсуство на македонски продуценти и филмски професионалци на Браќа Манаки Еуримаж ги презентираше новите критериуми на фондот за поддршка и развој на кинематографиите

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ  во својот пост на Фејсбук пишуваат дека во отсуство на македонски продуценти и филмски професионалци Еуримаж во рамките на 40-то издание на ИФФК Браќа Манаки ги презентираше новите критериуми на фондот за поддршка и развој на кинематографиите

-ВО ОТСУСТВО НА МАКЕДОНСКИ ПРОДУЦЕНТИ И ФИЛМСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ЕУРИМАЖ ВО РАМКИТЕ НА 40-ТО ИЗДАНИЕ НА ИФФК БРАЌА МАНАКИ ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ НОВИТЕ КРИТЕРИУМИ НА ФОНДОТ ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА КИНЕМАТОГРАФИИТЕ

Пред публика од околу 15-тина домашни и странски гости Серџо Гарсија де Леаниз, проектен раководител во Еуримаж вчера во рамките на ИФФК Браќа Манаки одржа презентација чија единствена цел беше да се промовираат новите критериуми на Еуримаж како и да се објаснат можностите и условите за продуцентите и филмските автори при аплицирање за поддршка на нивните филмски проекти во овој престижен европски филмски фонд.

Дали ваквата непосетеност на настанот се должи на неуспешната организација од страна на фестивалскиот тим и координацијата со националниот претставник на Еуримаж за Македонија или пак македонските продуценти не се заинтересирани за новите критериуми на Еуримаж за поддршка на филмски проекти кои наскоро ќе стапат на сила?

Симптоматичен е фактот дека од декември 2017 година, кога тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски за нов преставник на Македонија во европскиот филмски фонд-Еуримаж ја именуваше Татјана Пепељугоска Ќурчиоска, па се до денес од страна на Еуримаж не е поддржана ниту една мнозинска македонска копродукција, а се аплицираше и со проекти на значајни и реномирани македонски режисери како Милчо Манчевски, Иво Трајков и други, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести